четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се огласи и Сандра по гласините дека синот на Брена ја остави по две години врска: „Луѓе, не ми се јавувајте“

Се огласи и Сандра по гласините дека синот на Брена ја остави по две години врска: „Луѓе, не ми се јавувајте“

Сандра Миљаковиќ се огласи откако се појави информацијата дека Виктор Живојиновиќ, синот на Лепа Брена, ја напуштил по две години врска.

Русокосата убавица напиша коментар на оваа тема на својот Инстаграм профил.

– Многу не насмеавте со овие измислици! – напиша Сандра и додаде:

– Луѓе, не ми се јавувајте, сè е во ред. Секако дека не раскинавме!

Да потсетиме, Виктор и Сандра се во емотивна врска веќе две години.

Досега заедно беа на бројни патувања низ целиот свет, а многу често беа придружувани од семејството на Виктор.

Најнови вести