сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Завртете во станот на синот на Лепа Брена – Виктор Живојиновиќ се пресели во луксуз вреден 600 илјади евра, погледот од 40-от кат е како во облаците (ФОТО)

Завртете во станот на синот на Лепа Брена – Виктор Живојиновиќ се пресели во луксуз вреден 600 илјади евра, погледот од 40-от кат е како во облаците (ФОТО)

Балканската ѕвезда Лепа Брена и нејзиниот сопруг Бобан Живојиновиќ пред година дена купија цел кат во луксузната кула во една од најелитните населби на Нов Белград за кој наводно искеширале 600 илјади евра, а нивниот наследник Виктор сега прв пат покажа делови од луксузниот стан.

Иако Брена никогаш официјално не го потврдила купувањето на овој имот, Виктор со својата објава потврди дека тој е во нивна сопственост.

Најмладиот син на парот преку фотографии сподели како изгледа луксузниот стан, но и поглед од 40-от кат од зградата.

Дека Виктор го скоцкал станот по свој терк говори и мебелот, но и уметничките дела кои се гледаат на дел од фотографиите.

Еден детаљ особено им остави впечаток на сите, станува збор за портретот од Мајк Тајсон.

Најнови вести