понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ЗЕМА ВРТОГЛАВА СУМА НА ПАРИ ЗА ДА ПЕЕ НА ГЕЈ СВАДБА – Лепа Брена им пееше на уво додека се бакнуваа и прегрнуваа, двајцата се познати! (ФОТО)

ЗЕМА ВРТОГЛАВА СУМА НА ПАРИ ЗА ДА ПЕЕ НА ГЕЈ СВАДБА – Лепа Брена им пееше на уво додека се бакнуваа и прегрнуваа, двајцата се познати! (ФОТО)

Лепа Брена пеела на геј свадба во Палма де Мајорка, која младенците ги чинела дури 50.000 евра.

Пејачката дошла на забавата на покана на белграѓанец, кој со години гради кариера во светската модна индустрија, а со партнерот е во врска 10 години. Како што дознава српски „Курир“, за овој ангажман добила 30.000 евра, но младенците потрошиле уште 20.000.

Штотуку венчаниот пар и обезбедил кралски третман – на аеродромот „Никола Тесла“ во Сурчин, од каде што полетала, ја чекал приватен авион, а на островот била шест дена, во луксузен хотел каде ноќевање надвор од сезона чини 500 евра.

Младенците не штеделе пари, бидејќи стилистот од Србија е жесток обожавател на пејачката уште од детството. Според извор запознаен со деталите од оваа свадба, тој сакал Брена да пее на неговата свадба и сега му се остварило.

За веселбата на парот се уште се зборува, а атмосферата да биде комплетна придонела и Лепа Брена.

Најнови вести