Некогашната манекенка и учесничка во реалното шоу „Survivor“ Катарина Вучетиќ не може да дојде до себе од тага по веста дека починала српската некогашна мисица Дијана Милојковиќ.
Таа се огласи на својот Инстаграм профил и сподели фотографија од неа со неутешните зборови:
-Умирам од тага. Нека ти е лесна земјата, напиша таа.
Инаку Катарина е позната во српската јавност по тоа што успеала да му го спаси животот на едно момче кое сакало да се фрли од мост во река, убедувајќи го да не го прави тоа.