Откако поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн неодамна изјави дека нивните синови Шон Престон (16) и Џејден Џејмс (15) не сакаат да ја видат пејачката, Џејден изјави за британските медиуми дека и тој и Престон „го сакаат само најдоброто“ за нивната мајка.
Во серијата интервјуа кои сè уште не се емитувани, Џејден, пренесува The Sun, и рекол на својата мајка: „Те сакам и ти го сакам само најдоброто. Можеби еден ден ќе седнеме заедно и ќе разговараме“.
– Околината што таа ја создаде не беше пријатна. Кога имаш 10 или 11 години, тогаш почнуваш да разбираш некои работи. Таму нема омраза… Навистина би сакал повторно да ја видам. Тоа би ме направило среќен, а би го израдувал и Престон – изјави тој.
Момчињата моментално живеат во Лос Анџелес со нивниот татко и неговата сопруга Викторија Принс, поранешна одбојкарка. Тие не се појавија на свадбата на Бритни Спирс и Сем Ашгари иако беа поканети.
– Едноставно не беше вистинското време за тоа. Не велам дека не сум среќен за неа. Среќен сум за нив, но таа не го покани целото семејство. Да бевме само јас и Престон, ќе завршеше како семејна расправија, рече Џејден.
Да потсетиме, Федерлајн на почетокот на овој месец изјави дека „момчињата не сакале да одат на нејзината свадба“, а исто така спомнал дека се чувствуваат непријатно затоа што Бритни ги објавува своите разголени фотографии на Инстаграм.
Бритни ја коментираше неговата изјава на Инстаграм.
-Тажно е да се слуша како мојот поранешен сопруг зборува за односот меѓу мене и моите деца. Како што сите знаеме, никому не му е лесно да се одгледуваат тинејџери. Ме загрижува фактот што причината се базира на мојот Инстаграм профил. Беше многу пред Инстаграм. Им дадов се… Само, мама ми рече дека треба да му ги дадам на тато… – напишала пејачката.