Пејачката Мараја Кери и нејзиниот некогашен свршеник Џејмс Пакер водеа долга битка околу свршеничкиот прстен со кој ја крунисаа својата љубов, чија вредност е проценета на десет милиони долари.
Мараја не сакала да му го врати парчето накит на Пакер, а сега таа го продала.
Парот ја раскина свршувачката и ја откажа венчавката во 2016 година, а оттогаш трае спорот околу вредноста на прстенот, пишува „People”.
Прстенот има огромен дијамант од 35 карати, а кога раскинале, Џејмс го побарал накитот назад.
Меѓутоа, Мараја Кери не само што немала намера да го врати туку често го носела и во јавноста, а сега таа одлучила да се ослободи од него.
-Мараја сака да продолжи понатаму. Тоа вклучува и решавање на емотивните и материјалните работи, вклучувајќи го и прстенот, изјавил извор близок до пејачката.
Наводно, пејачката го продала дијамантскиот прстен за 2,7 милиони долари. Парите не и биле пресудни, но инсистирала златарот кој го откупил да потпише договор за тајност.
Но бидејќи оваа информација излезе во јавноста, нејзиниот тим од адвокати планира да го тужи златарот од Лос Анџелес.