четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СЕ ПОЈАВИ: Оваа комбинација на Меган буквално го остави подзинато кралското семејство, очите на целиот свет вперени во неа (ФОТО)

СЕ ПОЈАВИ: Оваа комбинација на Меган буквално го остави подзинато кралското семејство, очите на целиот свет вперени во неа (ФОТО)

Долго очекуваниот јубилеј на кралицата Елизабета се одржува токму денеска во Англија, а таму и долго очекуваните гости за кои се шпекулираше дали се поканети или не.

Меган на платинестиот 70 годишен јубилеј од владеењето на кралицата се појави во елегантен тегет фустан, а на главата имаше бел шешир со панделка во иста боја како нејзиниот фустан.

Оваа комбинација особено ги воодушеви сите нејзини фанови, додека принцот Хари се одлучил за елегантно тегет одело.

Кралицата инаку претходно испратила автомобил по својот внук и неговото семејство откако нивниот приватен авион слетал во Обединетото Кралство од Калифорнија и ги однела во Frogmore Cottage каде што ќе престојуваат и каде некогаш живееле.

Пристигнувањето на Хари се случи само неколку недели откако тој тврдеше дека е премногу опасно бидејќи нема да ја добие сета можна заштита, но тој доби цврсто ветување дека тој, Меган и децата ќе бидат добро заштитени веднаш штом ќе слетаат во Велика Британија и покрај неговиот спор со министерството за внатрешни работи околу полициската заштита.

Според пишувањата на британските медиуми, војводата и војвотката од Сасекс патуваат без многу персонал, со само неколку членови на безбедносниот тим, додека одлучиле да ги задржат своите најдоверливи вработени дома во Калифорнија

Најнови вести