Српскиот пејач Дарко Лазиќ успешно се опоравува по тешката сообраќајна несреќа која се случи на 28 октомври.
Дека секој ден се чувствува се подобро докажуваат и новите видео снимки кои пејачот ги сподели со обожавателите на социјалните мрежи честитајќи им ја Новата година.
Лазиќ Новата година ја дочекал во една кафеана во друштво на својата вереница Марина и неколку пријатели, а дел од атмосферата може да ја погледнете во продолжение.
-Среќна Нова година, ви посакуваме многу здравје, среќа и љубов во 2019 година. Ве бакнуваме и сакаме, напиша пејачот на социјалните мрежи кој направил вистински хаос во кафеана во моментите кога запеал.