недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се појави видео од свадбата на Ѓорѓе Ѓоковиќ: Новак запеа караоке заедно со младенците (ФОТО)

Се појави видео од свадбата на Ѓорѓе Ѓоковиќ: Новак запеа караоке заедно со младенците (ФОТО)

Ѓорѓе Ѓоковиќ, помалиот брат на Новак Ѓоковиќ синоќа се ожени, а на забавата славниот тенисер сосема очекувано привлече големо внимание.

Ѓорѓе и инфлуенсерката Сашка Веселинов се заколнаа на својата вечна љубов во црквата Свети Марко во Белград, а прославата подоцна продолжи и во Црна Гора.

Пријателите на познатиот пар на социјалните мрежи споделија фотографии и видеа од прославата, а ние имавме можност да ѕирнеме во свадбената веселба на младенците.

Сашка во меѓувреме се пресоблекла и облекла долг, тесен бел фустан со интересен детаљ во форма на цвет во пределот на рамената, а имаше и бел детаљ околу вратот. Таа ја променила и фризурата, бидејќи преку ден имала пуштена коса со брановидни прамени, а сега ја ставила во висока пунџа.

Сергеј Четковиќ за првиот танц им отпеа песна на младенците, а гостите на нивната прослава ги забавуваа уште некои познати пејачи.

Имено, според снимките кои можат да се најдат на социјалните мрежи, се гледа дека и Александра Пријовиќ пеела на свадбата на најмладиот Ѓоковиќ и инфлуенсерката.

Сергеј Ќетковиќ им пееше на младенците, а во еден момент Сашка, Ѓорѓе и Новак го зедоа микрофонот и ја отпеаја песната на Кемал Монтено „Није хтела“.

Најнови вести