среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СЕ ПОРОДИ ПРЕД ДВЕ НЕДЕЛИ, А СЕГА РАСКИНА СО МОМЧЕТО? – Тара Симов повеќе не го следи ниту на Инстаграм, а тој порача само нешто од ТРИ ЗБОРА!

СЕ ПОРОДИ ПРЕД ДВЕ НЕДЕЛИ, А СЕГА РАСКИНА СО МОМЧЕТО?  – Тара Симов повеќе не го следи ниту на Инстаграм, а тој порача само нешто од ТРИ ЗБОРА!

Откако во медиумите се појави информација дека Тара Симов, ќерката на поранешниот голман и фудбалски тренер Горан Симов, и нејзиниот партнер Данило раскинале, за тоа проговори и поранешната учесничка во реалното шоу.

– Нема да правам ријалити од врска во која има мое дете кое го сакам како Бог и назад и така бескрајно. Кој е незрел и невнимателен нека го направи тоа. Секој што ќе ми испрати порака на оваа тема ќе биде блокиран – напиша Симова, а потоа следеше уште една објава.

-Не е важно кој коментира, сите тие се анонимни луѓе без заби. Битно е кој што придонел за мајката на неговото дете. Тука ставам точка – додаде Тара.

Да потсетиме, на Инстаграм профилот на Данило се појави песната „Среќан пут“ на младата пејачка Бресквица и тој на англиски напиша „Чао“ со емотикон на кловн.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tara Simov (@tarasimov)

Исто така, се пишуваше дека двајцата повеќе не се следат од социјалните мрежи.

Инаку Тара неодамна се породи и го доби синчето Николај, а живееше заедно со својот партнер Данило во Ниш. Дали навистина ја прекинале врската или се работи за мала криза, останува да видиме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tara Simov (@tarasimov)

Најнови вести