понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се предозирала со хероин на само 27 години, а на пријателите им оставила пари за забава по погребот

Се предозирала со хероин на само 27 години, а на пријателите им оставила пари за забава по погребот

Имала само 27 години кога нејзиниот продуцент ја пронашол мртва во хотелската соба, откако се загрижил бидејќи не се појавила на снимање.

Џенис Џоплин се предозирала со хероин во хотелска соба во Лос Анџелес, а светот во 1970 година останал шокиран од веста за смртта на младата рок ѕвезда.

Да беше денес помеѓу нас, Џоплин би го славела својот 75-ти роденден. Славната пејачка која е родена на 19 јануари 1943 година, уште од малечка се издвојувала од своите врсници, а веќе во раната младост почнал да ја бие глас дека е “наркоманка” и “девојка која многу пие”.

Кариерата ја започнала во еден локален бенд кој брзо се распаднал, а Џенис потоа за прв пат пробала да се излечи од дрога. По враќањето од рехабитилација, таа почнала да пее во бендот “Big Brother” преку кој и се прославила.

Соло кариерата ја започнала во 1968 година. Во август 1969 година настапувала на легендарниот “Woodstock”, а многумина забележале дека пејачката едвај стоела на нозе. Со бендот “Full Tilt Boogie”, таа го објавила албумот “Pearl” кој воедно бил и нејзиниот последен албум, а на кој се нашле легендарните песни како “Mercedes Benz” и “Me and Bobby McGee” кои ја однеле до врвот само неколку месеци пред да го напушти овој свет.

Најнови вести