четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се скараа двете српски пејачки поради нивните мајки: Едната на другата и го земала момчето, еве за кој фраер станува збор (ФОТО)

Се скараа двете српски пејачки поради нивните мајки: Едната на другата и го земала момчето, еве за кој фраер станува збор (ФОТО)

Српските медиуми овие денови непрекинато пишуваат за односот помеѓу пејачките Александра Пријовиќ и Андреана Чекиќ по веста дека се скарани поради нивните мајки.

Имено се зборува дека Андреана го прекинала секој контакт со Александра поради тоа што наводно мајката на Андреана и го земала момчето на мајката на Пријовиќ.

По тој повод за српските медиуми се огласи и Пријовиќ која тврди дека двете колешки се во добри односи.

-Тоа не е точно, во супер односи сме, се познаваме 11 години и се дружиме. Пред некој ден се видовме со Андриана и нема кавги меѓу нас, тоа се обични глупости. Не се ниту нашите мајки скарани, тоа се глупости, вели Пријовиќ.

За потсетување, мајката на Александра веќе неколку години ужива во емотивна врска со својото колега Фахруд Буљабашиќ, а парот често објавува и заеднички фотографии.

Тој е во добри односи со нејзината ќерка Александра и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ и често е дел од семејните прослави.

Најнови вести