Сценаристот Стефан Бошковиќ реши да ги израдува сите обожаватели на Џеј Рамадановски со филм за легендарниот пејач кој наскоро ќе почне да се снима, а конкуренти за главната улога се Денис Муриќ и Амар Ќоровиќ.
По филмот за животот на пејачот Тома Здравковиќ, публиката ја чека и приказната за неговиот колега Џеј Рамадановски, кој не напушти на 6 декември 2020 година.
Сценариото за филмот „Недела“ го напиша Стефан Бошковиќ, а режисерот Немања Ќераниќ се подготвува за снимањето на кадрите. Сепак, се уште се размислува кој ќе ја толкува главната улога на ова остварување.
Филмот кој го носи името на еден од најголемите хитови на Рамадановски, ќе го прикаже детството и растењето на пејачот во дом за напуштени деца, но и ќе го следи неговиот пат до славата и неговиот подоцнежен живот. Момчето кое ќе го глуми Џеј во периодот на раната младост, како што пренесуваат српските медиуми, ќе биде непознато ромско момче, кое ќе биде избрано на кастингот, додека во подоцнежните години таа одговорност ќе падне на Денис или Амар.
Првата улога како дете Денис ја доби во филмот „Ничие дете“, а подоцна и во продукцијата на „Енклава“.
Уште тогаш ја доби титулата наследник на Славко Штимац, што подоцна беше потврдено во филмот „Златното момче“, каде му беше доделена главната награда за најдобар актер на Филмските средби во Ниш.
За улогата на Џеј сигурно беше препорачан од улогата на Рама во филмот и серијата „Тома“.
View this post on Instagram
А дека и актерот Амар Ќоровиќ не би бил ништо помалку од совршен избор, говори и податокот дека по завршувањето на глумата во класата на професорот Драган Петровиќ Пелет, почнал да гради кариера во многу театарски претстави, како и пред камерата. Беше дел од сериите „Тајните на виновата лоза“ и „Сложни браќа: Следната генерација“.
View this post on Instagram