Пејачката Северина Којиќ и нејзиниот сопруг Игор Којиќ веќе не зборуваат со месеци, но не живеат ниту заедно.
Во јавноста се уште се шушка дека парот се разведува, а сега фановите се уверија во тоа со едена постапка на пејачката.
Имено станува збор за фотографија која Северина ја имаше објавено на својот Инстаграм профил, а беше поврзана со 33-от роденден на нејзиниот сопруг Игор Којиќ.
-На овој машко битие Игор Којиќ нека му е среќен 33-от роденден. Со среќа љубов, напиша летоска Северина.
На ова Игор и возврати дека „Исусовите години“ се најсреќни. Фала љубов моја, пиша тогаш Игор, но она што го забележаа фановите е тоа дека веќе истата фотографија е избришана од профилот на пејачката.