Додека Хари и Меган работат на своите први проекти со Нетфликс во Калифорнија, кралицата и нејзиниот сопруг Филип разговараат со Чарлс и Вилијам за можните последици од медиумската кариера на парот Сасекс. Веќе се уморни од тоа да не бидат консултирани, па сега имаат намера да возвратат.
По летните одмори поминати во Балморал, Елизабета се преселила во село, во англиската област Норфолк, во друштво само на нејзиниот сопруг Филип и мала група асистенти. Но, она што требаше да биде момент на одмор за кралицата, се претвора во период на силна криза и стрес. Кралицата е загрижена за можните последици од договорот на Хари и Меган со Нетфликс и го повика нејзиниот син Чарлс на серија дискусии преку „Зум“, но и нејзиниот внук Вилијам, кој штотуку се врати во Лондон.
Кралицата веднаш ги сфатила опасностите што може да ги предизвика соработката на парот Сасекс со гигант каков што е Нетфликс и побарала од Едвард Јанг, нејзиниот доверлив приватен секретар веќе три години, строго да ја следи ситуацијата. Како што, впрочем, забележаа неколку британски набљудувачи на кралското семејство, Елизабета знае дека сега има многу ограничена контрола врз изборите на Хари и Меган, но исто така ја вознемирува и односот кон неа што го покажувала досега стриминг службата.
И принцот Вилијам го изразил своето противење на овој договор, понатаму прашувајќи се како неговиот брат Хари (36) бил во можност да се согласи да работи за компанијата.
Но сега е веќе доцна да се убедува парот да размислат. Кралицата знае дека сигурно нема да може да ги запре Хари и Меган, но, иако не се веќе дел од кралското семејство, тие имаат должност да не „работат“ против монархијата, ризикувајќи да ја загрозат нејзината репутација. Поради ова, 99-годишниот Филип – кој се чини дека е особено огорчен од одлуката на Хари да ги напушти своите должности – наводно ја убедил својата сопруга да се осигура дека Сасекс не прават дополнителни погрешни чекори.