Пејачката Сека Алексиќ започнува нов бизнис, пренесуваат српските медиуми.
Имено пејачката минатата година создаде Јутјуб канал со детски песни, но сега сака да ја прошири работата и бизнисот.
View this post on Instagram
Таа на големо работи на отворање на телевизиски канал кој ќе се вика Сека Кидс.
View this post on Instagram
-Денес децата се и сешто можат да гледаат во цртаните. Сфатив дека има малку здрава и добра детска програма за идните генерации, посакав децата да гледаат емисии во кои ќе нема ништо негативно, а затоа и отпеав комплетен детски албум и отворив Јутјуб канал. Гледам дека тоа што го направив им се допаѓа на луѓето и продолжувам со тоа да се бавам. Се надевам дека каналот Сека Кидс сериозно ќе заживее и дека ќе можеме да го претвориме во телевизиски канал, вели Алексиќ.
View this post on Instagram
Таа додава дека овој канал не го гледа како бизнис туку како подарок за нејзините синови и останатите деца кои ја сакаат и чии родители ја следат нејзината работа.