Познатата пејачка Сека Алексиќ во последно време е полна со нови идеи. Една од нејзините желби долго време беше да има своја модна линија, а тоа ќе го постигне во наредниот период.
Пејачката решила да започне нов моден бизнис со помош на нејзиниот уметнички директор, а како што дознаваат српските медиуми, станува збор за модна колекција за жени.
Нејзината линија ќе се вика „555 Second skin by Seka“, што значи „втора кожа“. Во првата колекција за нејзиниот бренд, Алексиќ ќе ја истакне гардеробата од латекс, која ќе биде многу слична на она што таа го преферира кога е во прашање сценската гардероба.
Инаку, Сека неодамна почна да тренира и да се грижи за својот изглед кој го доведе до совршенство.
Многумина веруваат дека никогаш не изгледала подобро и помладо, додека нејзиниот стил може да се спореди со стилот на големите светски ѕвезди.