Српскиот пејач Дарко Лазиќ заедно со семејството во изолација го прослави најголемиот верски празник Велигден.
Тој празникот сепак иако не го прослави и со ќерката Лорена поради полицискиот час воведен во Србија, но преку медиумите откри дека како и за синот така и за ќерката има подарок во пресрет на празникот.
-Што се однесува за подароците јас секогаш сум добивал поклони од зајак. Со обѕир на тоа дека оваа година се специфични условите никој нема да добие подарок освен Алексеј и Лорена и тоа од мене и Марина. Подароците ќе содржат различни пакетчиња кои ќе ги добијат од зајчето, вели Лазиќ.
Тој апелира и луѓето да се воздржат и да останат дома во овој период поради пандемијата со коронавирусот.