Откако доживеа нервен слом, Селена Гомез потполно се повлече од јавноста.
Иако претходната недела излезе од психијатриска болница, младата пејачката дури сега се врати на социјалните мрежи и првпат се огласи во јавност.
Селена на „Инстаграм“ објави неколку фотографии, а во описот напиша:
„Помина некое време од кога немате слушнато ништо за мене. Сакам на сите да ви честитам Нова година и да ви се заблагодарам на поддршката и љубовта. Претходната година беше година на одгледување, предизвици и созревања. Тие предизвици ќе ви покажат кои сте и низ што можете да поминете. Верујте ми, не е лесно, но се гордеам за тоа каква личност станав. Се радувам на годината која е пред нас. Ве сакам сите“ напиша пејачката.