Водителката Сузана Манчиќ ја сподели тажната вест дека почина нејзината сестра Душица.
Имено, Сузана објави емотивна порака, а коментарите беа проследени со зборови на сочувство и поддршка од нејзините следбеници.
View this post on Instagram
– Шоуто мора да продолжи… Знаете ли како изгледа животот за нас кои сме во шоубизнисот? Тука е фризурата, тука е шминката, сјајот свети под рефлектори, се насмевнуваме… Но, за тагата во очите нема шминка. Вчера снимив три емисии, а душата ми плачеше бидејќи знаев дека некој близок и драг засекогаш заминува. Мојата сестра Душица. Амин – напиша Сузана Манчиќ.
Инаку, Сузана беше многу блиска со својата сестра и често истакнуваше дека ѝ била огромна потпора во текот на животот.
View this post on Instagram