среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Семејна трагедија во семејството на славната актерка: Пијан возач го уби нејзиниот братучед, таа моли за донација (ФОТО)

Семејна трагедија во семејството на славната актерка: Пијан возач го уби нејзиниот братучед, таа моли за донација (ФОТО)

Американската актерка Сара Хајланд,која воедно е и ѕвезда на серијата „Модерна фамилија“ доживеала семејна трагедија, откако нејзиниот братучед настрадал во сообраќајна несреќа.

Информацијата ја потврди полицијата која наведе дека Тревор Канади починал откако автомобилот бил удрен од пијан возач.

Покрај братучедот на актерката се наоѓал и нејзиниот вујко кој е во кома и се бори за живот.

Како што пишуваат тамошните медиуми тој буквално излетал од автомобилот се здобил со тешки повреди на главата од кои починал.

-Мојот братучед од вујко кој имаше 14 години го уби пијан возач. Мојот вујко е во болница и него го очекуваат уште операции. Ве молам да се помолите за моето семејство во ова грозно време, напиша Сара на Твитер.

Најнови вести