Новинарката Лорена Васкез, која е експертка за колумбиската поп ѕвезда Шакира, дотолку што ја нарекуваат „шакиролог“, за шпанскиот весник и портал Марка коментираше каков ефект имала хит песната на Шакира (посветена одмазнички на Пике) врз животот на новиот пар – Пике и Клара Чиа.
Васкез објаснува дека последен пат се видени заедно во јавноста пред неколку недели, кога Клара го придружувала фудбалерот на натпреварот во Кингс Лигата, и тие изгледале среќни и разменувале нежности во јавноста.
View this post on Instagram
„Се бакнуваа, се гушкаа, се галеа во јавност и со тоа покажаа дека нивната врска од ден на ден е се посилна“, изјави новинарката која не застанува на страната на Шакира, но вели дека разбира зошто ја објавила песната.
„Да се бара од Шакира да има почит кон личноста со која Пике ја изневерил е комплицирано“, рече Васкез.
Откако Шакира ја објавила пред девет дена песната со наслов „Music Sessions #53“ има над 158 милиони прегледи, а таа бројка постојано расте. Според Васкез, во последната недела Пике не е виден со новата девојка, туку сам се справува со обвинувањата.
Деновиве фудбалерот сепак ја напушти и Шпанија, беше виден во Париз каде го следеше парискиот кошаркарски натпревар во НБА помеѓу Детроит Пистонс и Чикаго Булс. Фудбалерот бил во ѕвездено друштво на трибините, поточно се дружел и позирал со супермоделот Ирина Шајк.
Дали Пике бега од Шпанија за да ја заштити својата нова љубовница, и дали позирањата со други убави девојки се трикче за одвлекување внимание останува да видиме.
Но сепак, Васкез смета дека песната и тоа како имала ефект.