четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Северина ги скара, па Којиќ и Јоксимовиќ сега не можат со очи да се видат

Северина ги скара, па Којиќ и Јоксимовиќ сега не можат со очи да се видат

Во јавноста протече веста дека односот меѓу семејствата Којиќ и Јоксимовиќ сериозно е нарушен, а дека за се е виновна, ни помалку Северина. Имено таа и се налутила на Јована Јоксимовиќ, а Кеба излегол колатерална штета од ситуацијата. Дека двете семејства веќе не се „мирисаат“ покажало нивното присуство на прославата на полнолетсвото на синот на менаџерот Бане Обрадовиќ.

Судирот датира од емисијата на Јована во која таа на грд начин се обидела да ја понижи Северина како мајка, а после тоа наводно барала на Кеба да му биде откажано гостување. Поради тоа Кеба решил дека Јована и Жељко веќе не се добредојдени на неговата слава на која секоја година претходно доаѓале.

Дека има оган, кај што има чад говори фактот што на прославата на Обрадовиќ, Јована и Жељко Јоксимовиќ се игнорирале со Оља и Драган Којиќ Кеба. Дури барале да седат што е можно подалеку, што зборува дека навистина односите меѓу нив се крајно затегнати.

Најнови вести