недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Северина има моќ да шармира, па да те прегази“: Таткото на нејзиниот син на чуден начин ја опишува пејачката

„Северина има моќ да шармира, па да те прегази“: Таткото на нејзиниот син на чуден начин ја опишува пејачката

Бизнисменот Милан Поповиќ, кој од врската со Северина Вучковиќ го има синот Александар, прво за тамошните медиуми откри дека се запознале во Будва, а потоа јавно изјави дека се оженил со неа за пет минути.

Како што вели, пејачката има извонреден талент за шарм на кој ниту тој не можел да одолее.

-Северина е личност која кога ќе влезе во соба од 100 луѓе ќе се обиде да ги шармира сите. Потоа ќе ги прегази тие 100 луѓе кои ги шармирала, па ќе влезе во соседната соба и потоа ќе гледа да ги шармира следните 100 луѓе. Таа има извонреден талент за шарм. За жал, тој шарм не може долго да трае, рекол „кралот на бакарот“, па продолжил:

– На ручек, навечер, често на луѓето што ги среќавам им поставувам прашање, а тоа е дали жената знае да сака маж, т.е. дали таа љубов му ја дава на мажот, дали е сигурна дека мажот се чувствува сакан. Исто така, спротивното, како што ја сака, и дава ли чувство дека е сакана, рекол Поповиќ, а потоа се пошегувал кога водителот му рекол да одговори на тоа прашање:

– Не можам да одговорам на тоа, не би имал теми за разговор на вечерите.

Најнови вести