четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Северина на настап се појави во костим кој го користат крадци и им упати јасна порака на тие што и однесоа 300 илјади евра од домот (ВИДЕО)

Северина на настап се појави во костим кој го користат крадци и им упати јасна порака на тие што и однесоа 300 илјади евра од домот (ВИДЕО)

Хрватската пејачка Северина вчера настапуваше во еден ноќен клуб во Хрватска, а на сцената се појави во костим од серијата „La Casa De Papel“.

Имено пејачката за време на својот настап во клубот заедно со својот бенд се појави во црвен костум кои го носеле познатите крадци во истоимената серија.

Сето ова се случува откако пред неколку недели крадци влегоа во станот на пејачката и однесоа скапоцени работи вредни 300 илјади евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Инаку со ова таа уште еднаш сакаше да им упати јасна порака на крадците дека не им се плаши и дека ќе бидат пронајдени од страна на полицијата.

Крадците ја врзале нејзината куќна помошничка во нејзиниот стан и започнале да крадат се околу нив, а пејачката откако дознала веднаш се вратила дома од своето патување и дала исказ во полиција.

Таа за хрватските медиуми откри и дека е благодарна што не и ги украле фустаните, бидејќи имала сама да ги бара крадците низ Загреб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Најнови вести