среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Северина не дозволува нејзиниот син да ја напушти Хрватска, го крие неговиот пасош

Северина не дозволува нејзиниот син да ја напушти Хрватска, го крие неговиот пасош

Пејачката Северина Којиќ, која со пресуда на хрватскиот суд остана без старателство над Александар, синот кој го има со бизнисменот Милан Поповиќ, не му го дава пасошот на детето, спречувајќи го да оди на одмор со училиштето и да ги види роднините кои живеат надвор од Хрватска.

Неверојатниот потег на Северина никому не му е јасен, посебно бидејќи таа и Милан во безброј наврати го разменувале тој пасош, кога и да детето патувало со некого од нив, надвор од Хрватска. Во недостиг на нормални објаснувања, ова може да се толкува како обид за саботирање на одлуката на судот кој пресуди дека таа е немарна мајка и го додели Александар на чување на татко му.

Исто така многу е веројатно дека пејачката со ова сака да му напакости на поранешниот партнер, или пак затоа што се плаши дека нејзиниот поранешен сопруг може да го однесе некаде нејзиното дете и таа повеќе да не може да го гледа.

Милан Поповиќ ги превзел сите активности во склад со законот како би ги заштитил интересите на детето, односно како Северина би го предала пасошот на синот, што е должна да го направи по пресуда на судот.

Најнови вести