четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Северина откри како изгледал првиот викенд со синот откако го изгуби старателството

Северина откри како изгледал првиот викенд со синот откако го изгуби старателството

Северина Којиќ го изгуби спорот со нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ околу старателството над синот Александар.

Имено,  малиот Александар сега живее со неговиот татко, а Којиќ ќе има прилика да го гледа секој втор викенд, како и секој вторник и четврток во периодот од 15 до 20 часот.

Северина опиша  како изгледал нејзиниот прв викенд со синот откако тој живее со таткото.

Напишала и текст во кој раскажала како се чувствувала минатата сабота, кога синот на два дена останал кај неа.

„Се будам, 5:37, сабота е. Сопругот ми вели – спиј уште малку… Го бакнувам и му велам – а, не, морам да ја измијам косата, тој ќе нѝ дојде. Александар секогаш ми вели – мамо, колку сакам да спијам покрај твојата миризлива коса, а и многу си топла и мека… Ја сушам косата и се погледнувам, а во огледалото гледам жена која ми вели – исуши ја косата, нашминкај се и облечи го оној фустан за по дома кој тој го сака. Ти доаѓа тој. Ми доаѓа синот во 10 часот. Моите мисли одеднаш исчезнуваат, бидејќи тој се претвора во секоја моја мисла и секоја моја мисла се претвора во него“, напишала Северина.

За потсетување, откако Севе го изгуби старателството над синот, таа преку емотивно писмо му се обрати на синот истакнувајќи дека ги делат само некои документи. Таа потенцираше дека нема да се откаже и дека ќе се бори за Александар.

Најнови вести