недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СЕВЕРИНА ЗА СНИМКАТА ОД ЈАХТАТА: Дали мислевте дека ќе снимам нешто без да бидам нашминкана?

СЕВЕРИНА ЗА СНИМКАТА ОД ЈАХТАТА: Дали мислевте дека ќе снимам нешто без да бидам нашминкана?

Хрватската пејачка Северина Којиќ на социјалните мрежи и одговори на нејзина „хејтерка“ која што го споменала нејзиното домашно видео и и покажа каде и е местото.

Инаку, Северина нема навика тоа да го прави, но овој пат се влезе во расправа.

Имено, жена коментирала како Северина пред неколку години намерно самата во јавноста ја пуштила интимната снимка, со цел да го привлече вниманието на јавноста, па потоа следеше брз одговор од страна на пејачката.

-Ова со јахтата не ви беше потребно. Зарем мислите дека би снимила нешто ненашминкана и би го пуштила во јавноста. Но, гледам дека го следите и тој дел од мојот живот. Не сте единствен др**џија и бидете среќни, ве има и се множите и никој ништо не ви може. Ги сакме др**џиите и им испраќаме љубов, одговорила пејачката.

После тоа овој коментар, заедно со одговорот на Северина беа избришани од Инстаграм. Па веднаш беше покрената расправа „зошто нешто се пише па се брише и зошто не стои зад своите зборови“.

-Можеби рекла нешто што не требало па морала да го избрише. Нема свое „ја“, заклучиле поединци на оваа социјална мрежа.

„Чекај, нејзе и е побитно што не била нашминкана, од тоа што го виде целата јавност го видела?, “Оваа повторно е желна за внимание“, „Полоша од корона“, се само некои од коментарите.

Најнови вести