Откако во јавноста протече веста дека 12-годишната љубовна врска меѓу Жерар Пике и Шакира, кои имаат два сина, Милан и Саша, заврши, популарниот фудбалер и пејачката не можеа да најдат заеднички јазик за старателството.
Пике сакаше децата да останат во Барселона, додека Шакира сакаше да ги однесе во Мајами. И така следеа низа средби на кои се обидоа да дојдат до решение.
Четири беа неуспешни, но петтиот вроди со плод. Средбата се одржа во понеделникот и траеше маратонски 12 часа.
„El Periodico“ наведува дека Пике попуштил, па Милан и Саша од почетокот на 2023 година ќе живеат со Шакирa во Мајами. Пред тоа, Божиќ ќе го поминат во Барселона со својот татко, а Пике ќе може да ги посети на Флорида кога ќе посака. По средбата на која е постигнат договорот, нивните адвокати се појавија пред медиумите и порачаа: „Готово е, зделката е завршена“.
– Сакаме да објавиме дека потпишавме договор со кој се гарантира благосостојбата на нашите деца, а тоа ќе биде проверено на суд. Нашата единствена цел е да им обезбедиме на децата максимална безбедност и бараме да се почитува нашата приватност. Го цениме покажаниот интерес и се надеваме дека нашите деца ќе можат да го продолжат својот живот со потребната приватност во мирна и безбедна средина – се вели во соопштението на Пике и Шакира.
Да потсетиме дека Пике и Шакира објавија дека се разделуваат претходно оваа година. Набргу потоа, Пике беше забележан со Клара Чиа, неговата нова девојка, вработена во неговата продукциска куќа. Иако за врската не зборуваше за медиумите, тие двајца неколку пати беа видени заедно.
Шакира неодамна проговори за раскинувањето со Пике и тој момент го нарече еден од најтемните во нејзиниот живот, но не само поради разводот, туку и поради лошата здравствена состојба на нејзиниот татко.