четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Шакира искрено проговори за љубовта со Пике

Шакира искрено проговори за љубовта со Пике

Шакира објаснила дека верувала во „засекогаш“ кога станува збор за бракот со фудбалерот Жерар Пике, но следел болен крај.

Шакира од првата изјава за раскинувањето на долгогодишната врска со Жерар Пике, останала искрена. Отворено во јавноста зборувала за своите очекувања, но и стравови, сакајќи другите да знаат дека тоа секому може да му се случи.

„Приоритет ми беше домот, моето семејство. Верував во тоа „додека смртта не нѐ раздели“. Верував во тој сон и го имав тој сон за мене, за своите деца“, изјавила Шакира во интервју за „Билборд“.

Колумбиската ѕвезда додала дека се надева дека ќе има вечна љубов, слична на онаа на нејзините родители кои заедно се веќе 50 години.

„Се сакаат како првиот ден, нивната љубов е единствена и неповторлива. Така што знам дека тоа е можно. И, тоа отсекогаш беше мој пример. Тоа е она што го сакав за себе и за своите деца, но тоа не се случи“, изјавила Шакира.

Размислувајќи за својата врска со Пике, пејачката признала дека морала својата музичка кариера да ја остави на задна страна додека живеела со поранешниот професионален спортист во Шпанија.

„Работата е во тоа што бев посветена. На семејството и нему. Ми беше многу тешко да се занимавам со својата професионална кариера додека бев во Барселона. Не можев да ги оставам своите деца и да одам некаде да правам музика надвор од својата куќа.

А. Беше тешко да се одржи ритамот“, додала Шакира.

Што се однесува до нејзините две деца, добитничката на „Греми“ открила дека успеала сега да живеат далеку од очите на јавноста во Мајами.

„Медиумската ситуација беше тешка за нив. Секој ден папарацо фотографите ни беа пред врата. Тука тоа се нормални деца кои уживаат во нормалноста, што и училиштето треба да биде – сигурно место каде можат да бидат тоа што се“, заклучила Шакира.

Најнови вести