петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Шакира повторно се огласи, има посебна молба до папараците

Шакира повторно се огласи, има посебна молба до папараците

Колумбиската пејачка Шакира се огласи на социјалните мрежи истакнувајќи дека поради приватната ситуација разбирлива и е љубопитноста на медиумите, но упати молба до истите.

-Моите деца, Милан и Саша, имаа многу тешка година, трпеа постојано малтретирање и притисок од страна на папараците и неколку медиуми во Барселона. Сега кога почнуваат нов живот, ги молам медиумите во име на моите деца да го почитуваат нивното право на приватност. Ве молам да се воздржите да ги следите до влезот и излезот од нивното училиште, да ги чекате на вратата од нашиот дом или да ги следите на нивните воннаставни и рекреативни активности како што тоа го правеа медиумите во Барселона со намера да снимаат фотографии. Верувам дека новинарите и фотографите овде ќе бидат чувствителни на ситуацијата со која се соочуваат Милан и Саша и ќе можат да се однесуваат на најхуман начин со нив, имајќи предвид дека станува збор за физичка и емоционална благосостојба на двајца малолетници само 8 и 10 години, кои сакаат само да можат да излезат во јавност и да одат на училиште, чувствувајќи се безбедно и спокојно што не се следени или подложни на постојана контрола на камерите, вели Шакира.

Додава дека ова барање не го упатува како уметник, туку како мајка која сака да ги заштити и да се грижи за психолошката и емоционалната благосостојба на своите деца.

Најнови вести