Бритни Спирс наводно доживеала сериозна повреда на главата во расправија со нејзиниот се уште законски сопруг Сем Асгари и морала да биде сошиена непосредно пред да се дознае јавноста дека тие се разведуваат.
Овој детаљ излезе на виделина во телевизиски специјал, за кој сега зборуваат светските медиуми.
-Таа и Сем одеа во хотелската соба и ситуацијата навистина беше „зовриена“.Таа се сопна, ја пукна главата од масичката и мораше да биде сошиена, тврди Харви Левин, основач на „TMZ“ во Шоуто „Бритни Спирс“: Развод и очај“, кое се емитуваше во четвртокот на Фокс.
Претставниците на Спирс, како и Асгари, се уште не коментирале на оваа тема.