Разводот на Шакира (45) и Жерар Пике (35) по повеќе од 10 години љубов остави длабока трага на односите меѓу семејството.
Последната драма е поврзана со мајката на фудбалерот, која наводно е целосно уништена од ситуацијата и нарушениот однос со нејзините внуци Саша (7) и Милан (10), како што пишува магазинот „Лектурас“.
Според информациите на извор близок до ова семејство, мајката на Пике направила се за да ја одржи неуспешната љубовна врска, а сега страда бидејќи нејзините внуци повеќе не ја нарекуваат баба, како што им наредила мајката на Шакира.
-Ме остави на свекрва ми како комшика – се стиховите на новиот хит посветен на Пике, а неодамна објавената снимка на нивната кавга дополнително ги подгреа гласините за влошените односи на пејачката и мајката на Пике.
„Таа е уништена од војната што ја започна Шакира“ – пишуваат шпанските медиуми и додаваат дека таа сега свртела нов лист, но сепак е многу уништена.