среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Си замина на мојот роденден“: Сека Алексиќ скршена од болка по смртта на Саша Видиќ

„Си замина на мојот роденден“: Сека Алексиќ скршена од болка по смртта на Саша Видиќ

Веста за смртта на Саша Видиќ (52) ја шокираше јавноста, особено неговите долгогодишни пријатели и соработници, меѓу кои е и фолк ѕвездата Сека Алексиќ.

Таа уште не може да се смири откако ја прочита веста за неговата смрт.

-Во шок сум и навистина немам зборови да опишам колкава тага чувствувам. Оваа вест целосно ме потресе. Тој си замина на мојот роденден. Беше движечка  радост, човек кој можеше да те насмее до солзи и да те изнервира до срж. Беше чесен човек, а чесноста денес не се вреднува. Ќе се сеќавам на неговата духовитост и креативност, кои ги вткаја во своите креации, изјави Сека за „Блиц“.

Денеска на 52-годишна возраст во Белград почина Саша Видиќ. Двајца членови на семејството синоќа го пронашле во станот во бессознание, по што итно бил пренесен во КБЦ „Бежанијска коса“.

Тој бил примен во исклучително тешка, општа здравствена состојба, а лекарите велат дека „немало како да се спаси“.

Најнови вести