Александра Пријовиќ синоќа настапи во познат клуб во Белград, а пред концертот отворено проговори за членовите на своето семејство.
Синот на пејачката Александар, кој во март наполни две години, ги обожаваше нејзините песни, а Пријовиќ открива дека веќе не е така.
-Александар толку многу го слушаше стариот албум што повеќе не ги слуша моите песни. Сега слушаме ексклузивно детски песни, рече Александра и откри дека сопругот Филип за неа подготвува нови песни.
-Подготвувам нов албум, Филип повторно напиша песна, сите се онесвестивме кога ја слушнавме. Значи, тоа функционира! Филип ја напиша песната „Звукот на тишината“, можам слободно да кажам дека овој хит е подобар од неа. Засега имам три песни, веројатно ќе ми требаат уште три месеци да ги најдам другите, изјави Пријовиќ.