Алекса Балашевиќ, синот на покојниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ на својот Инстаграм, поточно на „стори“ сподели фотографии од луксузната куќа на Истра.
На првата фотографија која ја сподели Балашевиќ, напишал „Наша Истра“ и емоџи во вид на срце и палма, додоека на другото „стори“ сподели поглед од куќата, која гледа на околните куќи и природата со опис „Наш поглед“ и „Рај“.
Вилата е изградена на неколку нивоа, а покрај гаражата, големата тераса и базенот, поседува и градина која ја красат палми…
На третото „стори“ кое го сподели Алекса, тој позира пред куќата, поточно пред базенот и го покажува раскошот на семејниот дом, кој се проценува на 400.000 евра.