Откако стави прстен на нејзината рака, Вељко Ражнатовиќ не престанува да ја изненадува својата сакана.
Тој овој пат ја израдува Богдана со патување на неколку дена, а одморот го користат за насамо да си се посветат еден на друг.
Тие заминаа во Барселона, а од фотографиите се гледа дека тие се сместени и уживаат во преубав хотел со поглед директно кон плажата. Цената на ова задоволство сигурно е огромна.
Вељко сподели фотографии на социјалните мрежи. На една од фотографиите тие лежат во кревет, а се гледа преубав поглед кон плажата.
-Она што се случува во Барселона, останува во Барселона, напиша Вељко во описот на фотографијата.