Синот на актерката Весна Петрушевска стана матурант, а таа ја сподели оваа среќа со пријателите на социјалните мрежи.
Кирил Тренкоски матурираше во Хјустон каде што живее со својот татко, поранешниот сопруг на Весна.
Од фотографијата која таа ја сподели, може да се види како изгледа ова момче кое во април ќе наполни 19 години.