Тончи Хуљиќ пред неколку месеци ја омажи ќерката Хана Хуљиќ за популарниот пејач Петар Грашо, а наскоро ќе ја добие улогата на дедо.
Сепак, тоа не е единствената причина за прославата, тој и неговата сопруга Вјекослава Хуљиќ слават 35 години брак.
View this post on Instagram
Еден од најуспешните парови од светот на музиката, не само во Хрватска, туку и во регионот, од чии „работилници“ излегоа хитови без рок на траење, има навика да каже дека се заедно подолго отколку што живееле еден без друг.
Вјекослава Хуљиќ, иако ангажирана колку и нејзиниот сопруг, во текот на кариерата вешто го избегнуваше центарот на вниманието.