Музичката ѕвезд изминатите три дена одржа големи концерти во белградската Aрена, каде собра повеќе од 50.000 луѓе, пополнувајќи го секое место што беше во продажба за сите три настани.
На сите три нејзини концерти семејството и беше најголем поддржувач, а многумина се прашуваа каде е нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ во тој период. Имено, во публиката беа родителите, синот, бабата и дедото, а нејзиниот сопруг Филип се уште беше во продукцијата за да се погрижи се да помине без грешка.
Сега на интернет се појави единствената фотографија од Александра и Филип од Арена, на која се насмеани и позираат покрај пријателката на Брена, Кате.