Контроверзните поранешни учеснички во реалното шоу „Задруга“, Александра Суботиќ и Маја Маринковиќ заедно учеле во средно училиште и од тогаш до денес се најдобри другарки.
Се поддржуваа на телевизија додека живееа заедно во белата куќа за потребите на шоуто „Задруга“, а подоцна Сандра среќно се омажи за бизнисменот Пеце и се преселила во Нови Сад, каде најчеста гостинка и беше токму верната другарка, Маја.
Од денес нивниот однос гарантирано ќе се промени, бидејќи додека Пеце смислил план да оди во странство а на сопругата Сандра и кажал дека ќе биде отсутен службено, некој го препознал и го документирал неговото разменување нежности во хотелски базен, ни помалку ни повеќе-со Маја Маринковиќ, најверната пријателка на неговата сакана.
Веруваме дека Сандра е скршена од болка по ова веле-предавство од двајца свои најблиски!
Погледнете го видео-доказот:
По ова Суботиќ се вклучи во живо на Инстаграм и откри дека е во шок и неверување од тоа што го дознала.
Таа во видеото зборувала и дека ја сметала Маја за најдобра и искрена пријателка се додека не и забила нож во грбот, а по ова објави и дека повеќе нема да е дел од овој циркус и дека нема да се огласува на таа тема.