Хрватскиот репрезентативец Домогој Вида на својот Инстаграм профил се пофали со луксузна маска за Ајфон изработена посебно за фудбалерот.
Станува збор за маска за телефон изработена од 24 каратно злато, а на истата се гледа фотографија од него и неговиот син додека пишува „Мама те сакам“.
Според посветата маската е наменета за неговата сопруга Ивана.
Хрватските медиуми пишуваат и дека според пресметката оваа маска на интернет може да се најде по цена од 2.500 евра па нагоре.
Инаку фудбалерот е познато дека не штеди пари за луксузни подароци кога станува збор за неговата сопруга.