За пејачката Сузана Јовановиќ многумина велат дека е вистински среќна личност, бидејќи има живот за кој сонуваат многу жени.
Сузана може да се пофали со хармонично семејство, се занимава со работа која ја сака, меѓутоа, многумина велат дека нејзината најголема доблест е скромноста.
Верувале или не, Сузана наполни 53 години, иако многумина би и дале многу помалку. Сузана е активна на социјалната мрежа Инстаграм, па таму објави фотографија од својот семеен дом без ни трошка шминка.
View this post on Instagram
Тоа што сите ги воодушеви е дека Сузана се сликаше дома, без скапа облека и нападна шминка.
Природна, таа покажа како навистина изгледа кога ќе се исклучат камерите и рефлекторите.
Инаку, со оглед на финансиската состојба на нејзиниот сопруг, Саша Поповиќ, Јовановиќ можела да си ги дозволи најскапите третмани, но тоа никогаш не го ставила во преден план.
View this post on Instagram