Американската актерка и ѕвезда на серијата „Полна куќа“, Лори Локлин е осудена на два месеци затвор, а нејзиниот сопруг на пер месеци.
Судот донесе ваква пресуда поради нивна вмешаност во давање мито на колеџот на кој се запишани нивните ќерки.
Лори била сослушана по својот сопруг и потврдно гестикулирала со главата пред судијата како знак дека разбира што и зборува. Меѓутоа, како што јавуваат странските медиуми, подоцна се расплакала тврдејќи дека и е жал и дека целиот живот ќе го посвети на барање прошка.
Сопружниците со месеци негираа вмешаност во случајот, но на почеток на летото сепак ги сменија своите искази и прифатиле спогодбен договор за признавање на вината.