Шарлиз Терон никогаш не криела дека растеше во нефункционално семејство и дека кога имала само 15 години, била сведок на ужасна трагедија.
Нејзиниот татко, кој бил алкохоличар, насилно влегол во домот и со оружје им се заканувал нејзе и на мајка ѝ Грета. Тој дури и испукал три куршуми, кои за среќа ги избегнале нивните тела.
Во интервју за NPR, убавата Оскаровка раскажа:
„Татко ми беше многу болен човек. Татко ми беше алкохоличар цел мој живот. Го знаев само на еден начин, а тоа беше како алкохоличар… Тоа беше мошне безизлезна ситуација. Моето семејство беше заглавено во неа… Се разбира дека посакувам да не се случеше тоа што се случи таа ноќ.“
„Кога влезе во куќата со пушка, татко ми беше толку пијан што не би требало да можеше да стои на нозе. Со мајка ми бевме во спалната соба потпрени на вратата, затоа што тој се обидуваше да ја турне за да влезе. Па двете се потпиравме на вратата однатре за да го спречиме. Тој се врати наназад и пукна низ вратата трипати. Ниту еден од куршумите не нè погоди, што е чудо. Но, во самоодбрана, таа стави крај на заканата.“
„Ова семејно насилство, насилството од ваков тип кое се случува во семејството, ми е заедничко со многу луѓе. Не се срамам да зборувам за тоа, бидејќи мислам дека колку повеќе зборуваме за овие работи, толку повеќе сфаќаме дека не сме сами во сето тоа.“