69 годишниот актер Ричард Гир и претприемачката Алехадра Силва, која има 35 години, се венчаа пред три месеци пред матичар, а после тоа имаа семејна прослава во својот дом во Њујорк. Според пишувањата на шпанските медиуми парот го очекува нивното прво дете, а оваа информација ја потврди и портпаролот на Алехандра.
Гир и Силва беа во врска три години, а се запознале во луксузен италијански хотел, кој таа го купила со поранешниот сопруг. Претприемачката ви понеделникот објави дека таа и актерот слават три месеци брак и дека тоа е посебен момент во нивниот живот.
-Тоа е момент кога сме среќни, не само затоа што имаме можност да ја делиме нашата радост за меѓусебната љубов со пријателите и семејството, туку затоа што имаме шанса да ги изразиме нашите желби за иднината, истакнува Алехандра. Таа додава дека може да направат и духовно патување во сржта на нивниот заеднички живот.
Алехандра е ќерка на бизнисмен и поранешен потпретседател на фудбалскиот клуб Реал мадрид, Игнасио Силва. Актерот неа ја запознал додека се разведувала од сопругот, 43 годишниот геолог Говинд Фридленд, син на американскиот рударски магнат Роберт Фридленд.
Гир четири години беше во брак со 52 годишниот супер модел Синди Крофорд, а втора сопруга му беше актерката Кери Ловел, која има 57 години, од која се разведе во 2016 година, брак од кој го имаат синот, 18 годишниот Хомер Џејмс Џигмеа.