Познатиот поранешен тенисер Борис Бекер (51) се заљуби во Лајла Пауел (31).
Кај убавицата, на прв поглед, нема ништо чудно.
Но, таа е копија на неговите поранешни сопруги и партнерки.
Уште во март годинава се зборуваше дека Борис Бекер (51) повторно е заљубен. Поранешниот германски тенисер тогаш прв пат беше виден во еден ресторан во друштво на темномурната убавица Лејла, но пред четири месеци тој не сакаше да зборува за природата на нивната врска.
Но, пензионираниот спортист беше фатен како редовно става лајкови на провокативните фотографии на Лејла на Инстаграм и многумина заклучија дека е само прашање на време пред официјално да ја потврди врската.
И токму тоа се случи на овогодинешниот Вимблдон. Како што постапката за развод со поранешната сопруга Лили Бекер (43) наскоро треба да биде финализирана, поранешен тенисер очигледно виде дека тоа е совршена можност да ја покаже пред светот својата нова девојка. Лејла Пауел на Инстаграм се претставува како модел, адвокат и аматерски готвач.
Но, сите се согласуваат дека Бекер дефинитивно има свој тип на жена.
Новата девојка многу наликува и на неговата прва сопруга Барабара Бекер.
Британски Гардијан коментира дека е слична и на Ангела Ермакова со која има ќерка Ема.
Борис беше оженет и со Шарлили Лили Керсенберг, копија на неговата нова девојка.