вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Следбениците на Инстаграмот на Пријовиќ фрапирани – откако и беше пробиена необјавената песна со потег како сите светски ѕвезди (ФОТО)

Следбениците на Инстаграмот на Пријовиќ фрапирани – откако и беше пробиена необјавената песна со потег како сите светски ѕвезди (ФОТО)

Популарната пејачка Александра Пријовиќ е многу активна на социјалните мрежи, меѓутоа сега направи еден потег со што буквално се стаписаа сите нејзини следбеници и јавност.

Имено пејачката од својот Инстаграм профил ги избришала сите нејзини фотографии, како и фотографии на кои била означена.

Овој нејзин потег ги натера следбениците да се запрашаат што се случува со пејачката и зошто се одлучила за вакво нешто со оглед на тоа дека знаат дека таа особено е активна на Инстаграм и често споделува различни моменти од своето секојдневие со нив.

Многу светски личности ги бришат објавите за да привлечат што поголемо внимание и да ја заинтересираат јавноста што се случува со нив особено пред објавувањето на нивните албуми.

Сега, очигледно истото го прави и Пријовиќ која го најави новиот албум многу наскоро.

Инаку Пријовиќ неодамна преку „стори“ на Инстаграм откри дека доживеала голема непријатност откако нејзината нова песна била откриена во јавноста без нејзина дозвола.

-Криво ми е што немав можност да ја презентирам оваа песна и целиот проект на начин на кој го имав замислено. Поради целата ситуација променет е терминот за официјално објавување на песната и во наредните неколку дена ќе ве известам за новиот датум, објави таа.

Најнови вести