ПРЕД ПОСЛЕДНИОТ ТРКАЧКИ ВИКЕНД ОД СЕЗОНАТА ВО АБУ ДАБИ, СИТЕ ФОРМУЛА 1 ВОЗАЧИ СЕ СОБРАА НА ЗАЕДНИЧКА ВЕЧЕРА ВО ЧЕТВРТОКОТ ВО ПОЗНАТИОТ РЕСТОРАНОТ НУСРЕТ НА САЛТ БАЕ ВО АБУ ДАБИ И НА ИСТАТА ПОТРОШИЛЕ ОКОЛУ 170,000 ЕВРА.
Покрај познатите бифтеци, на возачите особено десертот и алкохолот им се допаднале. Тие порачале 11 локума, 15 баклави, но виното Петрус било “соленко“ и ги чинело најмногу, 137,843.94 евра за 7 шишиња. Келнерот Јасин сигурно бил среќен со бакшишот.
На твитер се појави заедничката слика, но и фотографија од самата сметка која се претпоставува дека е нивна.
Фотографијата од сметката самиот Салт Бае ја сподели на Инстаграм од неговиот ресторан на островот Ал Мариа во истиот момент кога се објави веста за вечерата на возачите. Сепак на сметката пишува 14 гости, па можеби и не е нивната.
Според Салт Бае, “квалитетот никогаш не е скап“.