четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Снаата на Ѓоковиќ покажа како изгледа нивниот стан во најскапиот комплекс во Белград – луксуз на сите страни како да е кралска вила (ФОТО)

Снаата на Ѓоковиќ покажа како изгледа нивниот стан во најскапиот комплекс во Белград – луксуз на сите страни како да е кралска вила (ФОТО)

Убавата водителка Сашка Веселинов стапи во брак со помладиот брат на тенисерот Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе на 12 септември минатата година, а сега со него го чека и првото дете.

Веста дека е бремена долго се криеше во јавноста, но пред неколку дена во јавноста открија дека е во шестиот месец од бременоста.

За помалку од три месеци во нашето семејство стигнува принова, од тој момент јас ќе ја добијам најважната улога во животот. Ќе станам мајка, долго не сакав да зборувам на таа тема, избегнував јавни настани иако од првиот ден се е во ред со бременоста, но околу среќата навистина треба да се молчи, изјави Сашка во една своја прилика.

Таа додава дека сега кога веќе не може да го сокрие стомакот и е мило што го споделува сето тоа со јавноста.

Двајцата го започнаа заедничкиот живот во станот во Белград на вода од каде Ѓоковиќ сподели неколку фотографии како е уреден по нивен терк.

На дел од фотографиите се гледаат дрвени и мермерни детали како и бели тонови низ станот.

Најнови вести